ОДБОЈКАТА ВО МАКЕДОНИЈА

ОДБОЈКАТА ВО МАКЕДОНИЈА. За првпат се игра во Гевгелија од француските војници (1918). Била негувана во Соколската организација, а биле одржувани и натпревари за првенство на друштвата, жупите и на ССКЈ (1930–1941). По Ослободувањето биле основани секции (клубови од 1948) во поголемите градови. Прво републичко првенство било одржано во Битола (1946), а потоа бил формиран Одбојкарски сојуз на Македонија (1950), преименуван во Федерација (2002). Би-ла основана Републичка лига со 8 клубови (1959). Во Купот на републиките за сениори во Скопје (1972) Македонија го освоила првото место, како и за јуниори во Модрича (1975). ОК „Вардар“ од Скопје го освоил првото место во Југославија за јуниори (1974) и за сениори (1976), а во Купот на европските шампиони го зазел четвртото место. Клубот играл во Првата сојузна лига (1967-1992), како и „Работнички“ од Скопје. Имало голем број клубови од Републиката и во Втората сојузна лига. Прв репрезентативец на Југославија бил Таки Буклевски, потоа Никола Донев, Трифун Трифуновски, Владимир Богоевски, Александар Тасевски, Горан Србиновски. Истакнати тренери биле: Војче Синадиновски, Таки Џиков, Јошка Миленковски и др.

ЛИТ.: 30 години физичка култура и спорт, 1945–1975 во СР Македонија, Скопје, 1975, 157–160. Ј. М.

шумски насади на падините на Караџица

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *