„ОКТОБРИС“

„ОКТОБРИС“ (Куманово, јули – ноември 1942) – месечен илегален весник, орган на Кумановската организација на КПЈ, на македонски јазик. Содржински е посветен на целите на НОАВМ. Соработници биле Бојан Зафировски-Болан, Благој Стефковски-Гојчо, Јордан Цеков-Дане и др. Бил ум-ножуван на шапирограф на техниката на МК на КПЈ во куќата на Јордан Цеков-Дане во Куманово во 100-120 примероци. Зачувани се броевите 3–6.
ИЗВ.: ДАРМ – Скопје, инв. бр. 2418; Документи за Народноослободителната војна и Народната револуција во Куманово и Кумановско 1941–1942, (второ дополнето издание), Куманово, мај 1980, 182–262.
ЛИТ.: Д-р Боро Мокров, Развојот на македонскиот печат и новинарство (од првите почетоци до 1945 година), Скопје, 1980, 412-413; Д-р Боро Мокров -М-р Томе Груевски, Преглед на македонскиот печат (1885–1992), Скопје, 1993, 122–123. С. Мл.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *