ОЛИВЕР, Јован

ОЛИВЕР, Јован (ⅩⅣ в.) – деспот, најугледен благородник во Душановата држава. Дародавец на кочанската црква „Св. Димитриј“ (1336/1337). Бил господар на Овчеполието, на Ѓуриште имал дворец. Учествувал во преговорите на Душан со Андроник Ⅲ во Радовиште (1336) и со Јован Кантакузин во Приштина (1342), како и во походите на Душан и на Кантакузин за освојување византиски градови (1343). Со Душанова поддршка ја добил во владение територијата на Хрелја – меѓу Штип, Струмица и Стоб на Рила (1342/ 1343). Негово завештание е Лесновскиот манастир, посветен на архангел Михаил и на пустиникот Гаврил, каде што е зачуван ктиторскиот натпис со добиените титули, како и две негови претстави: ктитор со модел на црквата; заедно со неговото семејство. Исчезнал од историската сцена, можеби како великосхимник Јован Каливит, набргу по смртта на Стефан Душан.
ЛИТ.: Г. Ц. Соулис, Тхе Сербс анд Бѕзантиум дуринг тхе реигн оф Тсар Степхен Дусан (1331

Деспот Јован Оливер, ктиторска фреска во Лесновскиот манастир (ок. 1347)
1355) анд хис суццессорс, Атхенс, 1995; Б. Ферјанчиђ, Деспоти у Византији и јужнословенским земљама, Београд, 1960. Б. Петр.

Олимпијада, третата сопруга на Филип Ⅱ, (релјеф)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *