ОНЕСИКРИТ

ОНЕСИКРИТ (Онесикритос) (Астипалаја или Ајгина, ок. 365 пр.н.е.)– офицер, учесник во походот на Александар Ⅲ Македонски и летописец. Бил ученик на киничарот Диоген. Како еден од заповедниците на флотата на Александар Ⅲ, командувал со кралскиот брод при пловидбата по Хидасп и Инд. Тука му биле достапни дневничките записи и преписката на владетелот. И самиот очевидец и соучесник во настаните, се занимавал со летописна дејност – со мемоарски, историографски и книжевни белешки. Напишал биографија на Александар Ⅲ, којашто содржи и описи на земјите што ги посетил, особено Индија. Од неа се зачувани само одделни фрагменти. При опишувањето на настаните го мешал реалното и фантастичното, измислувајќи анегдоти што го развеселувале и самиот крал, но сепак бил користен во антиката, особено од Плиниј.
ИЗВ.: Арриани, Анабасис, Липсиае, 1907; Љ. Цур-ти Руфи, Хисториарум Алеџандри Магни Мацедонис, Липсиае, 1893; Плутарцхи, Витае Паралеллае, Липсиае, 1921.
ЛИТ.: Н. Проева, Историја на Аргеадите, Скопје, 2004; Ф. Папазоглу, Историја на хеленистичкиот период, Скопје 1995. К. М.-Р.

жетва“ (22.Ⅷ – 26. Ⅸ 2001) и Александар Велики ја прима во посета Талестрис, кралицата на амазонките (приказна раскажувана од Онесикрит)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *