ОПЕНИЦА, ПРЕНТОВ МОСТ

ОПЕНИЦА, ПРЕНТОВ МОСТ
(Црвеница) – средновековна некропола на 3,5 км североисточно од с. Опеница, 13 км североисточно од Охрид, близу до магистралниот пат од Охрид преку Ресен за Битола. Недалеку од локалитетот се констатирани траги од ан-

Опеница, средновековна некропола
тичко рударење (експлоатација на олово, сребро и железо). Во 1957 и 1959 г. В. Лахтов овде вршел ископувања на хеленистичката и средновековната некропола. Откриени се 143 гробови, од кои 60 средновековни, групирани во јужниот дел. Средновековните гробови се правоаголни јами оградени и покриени со плочи. Од нив е публикуван само накит (белезици, обетки и наушници и прстени) од Ⅹ в., па с“ до доцното средновековје.
ЛИТ.: В. Лахтов, Накитот од раносредновековните наоѓалишта во Охридско,
„Зборник на трудови“, И, Охрид, 1961, 35–56; В. Битракова, Златни накит из хеленистицке некрополе код Црвејнце, „АРР“, Ⅳ-В, Загреб, 1967, 383–392. Ел. М.
Операта „Аида“ на сцената на МНТ, Скопје

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *