ОПШТОМАКЕДОНСКА КОНФЕРЕНЦИЈА ВО ВЕЛЕС

ОПШТОМАКЕДОНСКА КОНФЕРЕНЦИЈА ВО ВЕЛЕС (21. Ⅺ / 4. ⅩⅠⅠ 1912) – тајна конференција на Д. Чуповски со претставници од целата окупирана Македонија за договор за перспективите на земјата и народот. Во моментот кога трупите на балканските сојузници ја окупираа територијата на Македонија, па К. Мисирков стигнува во Солун, д-р Г. Константинович како доброволец во Воената болница на Цетиње, Д. Чуповски тргнува од С.-Петербург и преку Софија и Скопје стигнува во Велес, каде што по претходен договор со П. Попарсов, И. Попјорданов, А. Мартулков, Р. Ризов, А. Коробар и претставници од Штип, Кочани, Радовиш, Костур, Серес и Драма, се одржува собир во куќата на А. Ј. Коробар, на кој се постигнува согласност Македонската колонија во С.-Петербург да биде ополномоштен претставник за заштита на интересите на Македонија во Русија и во странство, а

Д. Чуповски и П. Попарсов да отпатуваат во Париз и Лондон за да дејствуваат пред Лондонската мировна конференција за самостојна или автономна Македонија. Чуповски успева да се врати во Русија, но Попарсов не може да ги премине окупаторските граници. Македонската колонија во руската престолнина на 1. Ⅲ 1913 г. го објави Меморандумот потпишан од ополномоштените Македонци и (заедно со отпечатената „Карта Македониа по програма на Македонските народници“) го испрати до Лондонската амбасадорска конференција.
ЛИТ.: Р. Ризов, Страници от миналото,
„Македонско дело“, И, 9, шВиенаќ, 10. И 1926,
5–6; Алексо Мартулков, Моето учество во револуционерните борби на Македонија, Скопје, 1954, 265–266; Д-р Блаже Ристовски, Димитрија Чуповски (1878–1940) и Македонското научно-литературно другарство во Петроград, Ⅱ, Скопје, 1978, 40–61. Бл. Р.
ОРА-КОПА – календарски обичај со обредни огнови поврзани со празникот Прочка. Најзастапен бил во Источна Македонија, како Мала ора-копа и Голема ора-копа. Малата ора-копа ја изведувале децата една недела пред Прочка, Големата ора-копа се правела на самиот ден Прочка и во нејзиното изведување, покрај децата, се вклучувале и возрасните. Подготовките за обичајот започнувале неколку денови или неколку недели порано, кога се собирале материјали за огнот. Тоа е и еден вид натпревар меѓу децата од повеќе маала која група ќе направи поголем оган и ќе гори подолго. Обичај било децата по трипати да го прескокнуваат огнот. Големата ора-копа била многу поголема од Малата ора-копа што ја правеле децата. Додека горел огнот и од Малата ора-копа и од Големата ора-копа, децата пееле соодветни песни. За разлика од Малата ора-копа, што ја прескокнувале само децата, Големата ора-копа ја прескокнувале и возрасните.
ЛИТ.: Зорка Деликолова, Обичаи сврзани со поедини празници и неделни дни во Радовиш, „Гласник на Етнолошки музеј“, 1, Скопје, 1960.149. М. Кит.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *