ОРБЕЛСКИ ТРИОД

ОРБЕЛСКИ ТРИОД – кирилски ракопис од ⅩⅤⅠⅠⅠ в., од македонска редакција, настанат во Западна Македонија. Ракописот се чува во Руската национална библиотека во Санкт-Петербург под сигн.: РНБ, Ф.н.И.102 + В/з. Ф.124/4 + В/з. Ф.124/10 (во збирката на Ст. Верковиќ). Има 241 пергаментен лист и ги содржи двата дела на триодот: посниот и цветниот. Содржи паримии и делови од уставот. Во ракописот се спомнуваат и имињата на Кирил Филозоф и брат му Методиј, како и имињата на пустиножителите Јован Рилски, Јоаким Сарандапорски (Осоговски) и Прохор Пчињски. Името го носи по с. Орбеле, каде што е пронајден.
ЛИТ.: В. Десподова, Л. Славева, Македонски средновековни ракописи, И, Прилеп, 1988; Ѓ. Поп-Атанасов, Речник на стара-

Страница од Орбелскиот триод
та македонска литература, Скопје, 1989;
Е. Црвенковска, Јазикот и стилот на триодот, Скопје, 2006; Е. Црвенковска,
Л. Макаријоска, Орбелски триод, ГЗ ФлФ, 32, И, Скопје, 2006, 357&385. Е. Ц.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *