ОРГАНИЗАЦИЈА „ПРИЈАТЕЛСКА ДРУЖИНА“

ОРГАНИЗАЦИЈА „ПРИЈАТЕЛСКА ДРУЖИНА“ (Киев, Украина, јануари 1883) – организација основана од тамошните Македонци, по иницијатива од Спиро Гулапчев, со цел да работи на просветување на народот и на унапредување на образовниот процес во Македонија. Во Организацијата членувале 53 лица (септември 1983). Месни организации биле основани во Киев, Загреб, Анхаило, Харков и во Цариград; членови имало и во други градови.
ЛИТ.: Михајло Миноски, Обид на Спиро Гулапчев и на Организацијата „Пријателска дружина“ за ширење на општите и практичните научни знаење сред селанството во Македонија, зб., школство
то, просветата и културата во Македонија во времето на преродбата, Скопје, 1979.
М. Мин.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *