ОРГАНСКАТА ХЕМИЈА ВО МАКЕДОНИЈА

ОРГАНСКАТА ХЕМИЈА ВО МАКЕДОНИЈА. Наставната и научната работа во областа на органската хемија во Македонија започнала наскоро по конституирањето на Катедрата по хемија на Филозофскиот факултет, особено кога за хонорарен предавач бил избран (1947) д-р Јосиф Јанчулев, еден од авторите на првиот објавен труд од оваа област (1955). Наставата по органска хемија се развивала и се осовременувала, а и институциите на кои била предавана станале помногубројни. Покрај на Филозофскиот факултет (подоцна на ПМФ), органската хемија била предавана на Технолошкиот оддел на Техничкиот факултет (Одделот подоцна прераснал во ТМФ), на Фармацевтскиот факултет и, како одделен предмет или во рамките на курсевите по општа хемија, и на други факултети.
ЛИТ.: Природно-математички факултет – Скопје, 1946–1996, Скопје, 1996., 196; 60 години Природно-математички факултет – Скопје, Скопје, 2006, 209.
Б. ш.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *