ОРГАНЏИЕВА, Цветанка

ОРГАНЏИЕВА, Цветанка (Велес, 1923) – поет, славист, историчар на книжевноста, унив. професор и научен советник (во пензија). Како ученичка во Ⅴ клас била активен член на Литературната дружина „Јован Дучиќ“ во Велес (1939). Во родниот град завршила гимназија (1942), а потоа една година била на студии по германистика на Историско-филолошкиот факултет во Софија. Зачувани се повеќе нејзини песни на македонски јазик од 1944 г. По Ослободу-

Цветанка
Органџиева

вањето објавувала песни во сп.
„Нов ден“, „Иднина“, в. „Нова Македонија“ и др. Подоцна дипломирала славистика (1948) и докторирала на Филозофскиот факултет во Загреб на тема „Објавлјиванје и прочаванје јуначких песама код Јужних Славена и Руса до 1920 године с нарочитим освртом на питанје постанка и развитка јуначких пјесама“ (23 Ⅵ 1962). Првин била асистент на Филозофскиот факултет во Скопје (1949), а потоа и професор, научен советник (до 6. ⅩⅠⅠ 1983) и директор (1. Ⅶ 1976–30. Ⅵ 1978) на Институтот за фолклор во Скопје.
БИБЛ.: Осврт врз изучувањата на настанувањето и развитокот на јужнословенската епика до 1920 година, Скопје, 1972; Карактеристиките на епските песни на Македонците-муслимани од Делчевско (Пијанец), Скопје, 1981.
ЛИТ.: Д-р Блаже Ристовски, Македонскиот стих 1900–1944. Истражувања и материјали, Ⅱ, „Мисла“, Скопје, 1980, 379387; 50 години Институт за фолклор. Библиографија на изданијата на Инсти
тутот за фолклор „Марко Цепенков“ – Скопје и на магистерските и докторските дисертации на соработниците 1950– 2000. Подготвила Мирјана Анастасова, Скопје, 2000, 108 и 147. С. Мл.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *