ОРЕВ

ОРЕВ (Југланс региа Л., фам. Југландацеае) – евроазиски вид, чија ареална граница тешко може да се одреди поради неговото дамнешно култивирање и супспонтано ширење. На Балканот и во нашата земја се смета дека е природно застапен. Големо дрво, со широко разгранета круна, мазна кора, светлосива. Листовите се крупни, кожести, непарно перести. Плодот орев е со месест егзокарп, кој по созревањето пука и се одвојува од дрвенестиот ендокарп. Семето содржи големо количество маслени материи (55%). Како шумски вид, кај нас е застапен во дабовиот регион, во хигромезофилни заедници, на станишта со рефугијален карактер. Има многу квалитетно дрво. Ал. Анд.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *