„ОРЕЛ“ О

„ОРЕЛ“ О

Дел од погон на дрвната индустрија во РМ
целата територија на државата. Пиланските капацитети се лоцирани во реоните богати со шума, додека погоните за производство на финални производи од дрво ги има на целата територија на државата. Најголем број претпријатија се специјализирани за конкретно производство, но има и претпријатија што се занимаваат со комбинирани производства (бичена граѓа – дрвена амбалажа, бичена граѓа – паркет, разни видови мебел и сл.). Во примарниот сектор доминираат претпријатијата за производство на бичена граѓа (пилани) и само неколку погони за други видови производства (фурнири и плочи од фурнири). Финалното производство во најголем дел се изведува во погоните за производство на разни видови мебел, помалку во погоните за производство на дрвена амбалажа и паркет, и симболично во погоните за производство на куќи, бараки и др. Во однос на видот на сопственоста, денес, кај некои од претпријатијата процесот на приватизација е завршен во целост, кај други се приватизирани само оние делови од производниот процес што функционираат како целина. Формирани се и нови претпријатија со приватен капитал. Б. Ил.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *