ОРИЗАРИ, КРУШАРСКИ РИД

ОРИЗАРИ, КРУШАРСКИ РИД
– средновековна некропола на 4 км североисточно од Кочани. Од евидентираните 55 гробови, 7 се доцноантички, а останатите од Ⅹ до ⅩⅤ в. Од средновековните гробови потекнуваат белезици и наушници. На јужниот крај на некрополата е лоцирана еднобродна црквичка, од каде што потекнува богатото депо од ⅩⅣ в.
ЛИТ.: Б. Алексова, Археолошки ископувања во с. Оризари – Кочанско, „ЗШНМ“, Ⅲ (1962-1963), Штип, 1964, 81–98. Ел. М.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *