ОРКЕСТАР ЧАЛГИИ НА МРТ

ОРКЕСТАР ЧАЛГИИ НА МРТ
– почнал да работи во почетокот на емитувањето на програмата на Радио Скопје (1944). Главна улога му е да ја зачува и да ја продолжи чалгиската традиција во Македонија што влече корени од чалгиските тајфи на ⅩⅠⅩ в. Составен е од следниве инструменти: ут, канон, два кларинета, две виолини, бенџо, тарабука, дајре и тапан. Со него снимале голем број од врвните македонски пејачи. Реализирал околу 2 000 снимки.
М. Кол.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *