ОРЛИ

ОРЛИ (Пандионидае, Ацципитридае) –
фамилии средно големи и големи дневни грабливи птици. Фамилијата орли рибари (Пандионидае) вклучува мал број видови специја-

Белоглав орел – мршојадец (Гѕпс фулвус)
лизирани за лов на риби, од кои во Европа и кај нас е присутен само еден вид орел рибар (Пандион халиаетус). Фамилијата на орлите, еји, луњи и јастреби (Ацципитридае) вклучува повеќе родови, меѓу кои кај нас се присутни следниве видови: белоопашест морски орел (Халиаеетус албицилла), орел змијар (Цирцаетус галлицус), златен или скалест орел (Аљуила цхрѕсаетос), крстат или цар-ски орел (Аљуила хелиаца), голем креслив орел (Аљуила цланга), мал креслив орел (Аљуила помарина), мал или џуџест орел (Хиерааетус пеннатус), мал или египетски мршојадец (Неопхрон перцноптерус), белоглав мршојадец (Гѕпс фулвус), брадест мршојадец (Гѕпаетус барбатус) и црн мршојадец или картал (Аегѕпиус монацхус).
ЛИТ.: Бирдс ин Еуропе: популатион естиматес, трендс анд цонсерватион статус, „БирдЛифе Интернатионал Цонсерватион Сериес“, 12, Цамбридге, 2004;
Ц. Харрисон, Ан Атлас оф тхе Бирдс оф тхе Њестерн Палаеарцтиц, Гласгоњ, 1982. Св. П.– В. Сид.

Македонското оро „Кавадарка“ (1950)
ОРО – посебен вид игра, во фор-ма на синџир на меѓусебно поврзани играорци, што се движат по кружна, полукружна, спирална или змијовидна патека. Играорците се држат за рака, за појас, под рака или за рамо. Тоа е своевиден јавен собир, прилика и мес-то за играње. Ората имаат и свои имиња: „Велгошко оро“, „Машко оро“ или пак „Старо оро“. Во Македонија ората се играат на гајда, на тапани, само на тапан (пијанечкото оро „Копачка“), на шупелка, ќемене, тамбура, дудук, двојанка (слагарка) и дајре (жени од Дебарско). Во Дојран се играло и на музиката на свирче од трска, во Леринско на бурија (труба од кора од дрво). Мажите повеќе играле со придружба на инструмент, а жените на песна. Според полот, во традициската култура на Македонците ората се делат на машки, женски и мешани. Во зависност од социјалната положба, орото можело да биде составено од моми, невести, мажени жени, ергени, млади мажи или женети мажи. Вообичаено било девојките и немажените момци да играат во одвоени ора, додека женетите имале поголеми привилегии и играле во исто оро. Во женското оро обично се подредувале старици, па средовечни жени, невести, па девојки. Ив. О. Т.
ОРО ВО ОРО – концентрични ора, најчесто составени од различен пол на играорци, или, ако се од исти пол, со различен социјален статус. Ив. О. Т.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *