ОРОГЕНИ ЕТАПИ ВО МАКЕДОНИЈА

ОРОГЕНИ ЕТАПИ ВО МАКЕДОНИЈА – орогените движења се тектонски придвижувања на големи елементи од Земјината кора, кои предизвикуваат набирање на карпестите маси, метаморфизам, магматизам и создавање на венечните планини. Овие дви
жења постојат од почетокот на формирањето на Земјината кора и оставиле траги во сите етапи од развојот на Земјата. Терените на Македонија биле изложени на тектонски нарушувања во процесите на повеќе фази од неколку орогени етапи. Најстари траги на тектонски движења, метаморфизам и магматизам се зачувани во високометаморфните комплекси на Пелагонискиот и Осоговскомалешевскиот (Српско-македонскиот) масив и се поврзани со „Гренвилската орогена фаза“ (1.350–1.000 млн. години) од протерозоиската ера. Силни тектонски деструкции и магматско-метаморфни процеси се одвивале и во времето на „Херцинската орогенеза“, во младиот палеозоик, на терените на Западномакедонската и Вардарската зона, а со помала распространетост и во Осоговско-малешевскиот масив. „Алпската орогена етапа“ почнала пред 205 млн. години и трае до денес. Претставена е со магматизам и тектонски движења што се одвивале во неколку орогени фази (младокимериска, ларамиска, пиринејска и савска), од кои последниве имале најголемо влијание на денешниот морфолошки облик на Земјата и на создавањето на високите планински масиви во светот и во Македонија. Н. Дум.

Орта џамија, Струмица

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *