ОРТАКОВ, Бојан

ОРТАКОВ, Бојан (Скопје, 19. И 1963) – музиколог. Студиите ги завршува на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на Тома Прошев. Престојува (1990) на специјалистички студии во Торино (кај Енрико Фубини). Докторира со темата „Акултурациските процеси во формирањето и развојот на македонската духовна музика во периодот Ⅸ–ⅩⅠⅩ век“, издадена под насловот „Арс Кукузелиана“. Автор е на повеќе студии и написи, посветени главно на средновековното музичко минато на Македонија, но и на теми сврзани со естетиката на византиската музиката. Пишувал и критики за повеќе македонски медиуми. Вонреден професор на ФМУ во Скопје на Одделот по музикологија. М. Кол.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *