ОРУШЕВ, Трајко Киров

ОРУШЕВ, Трајко Киров (Штип,
31. И 1924 – Охрид, 29. Ⅴ 1995) – интернист, редовен проф. на Мед.
ф. (од 1985). Медицински студии завршил во Белград (1951), а специјализација по интерна медицина во Скопје (1957). Одбранил хабилитација (1971) и потоа докторска дисертација (1979) на Мед. ф. во Скопје. Основал Служба за медицина на трудот (1961) при Рудници и Железарница–Скопје, која прераснала во Институт за медицина на трудот, каде што бил директор до 1972 г. Објавил над 100 стручни и научни трудови и скрипта „Медицина на трудот“ за студентите по медицина.
БИБЛ.: Гасови – Плинови (Хлор, Фозген, Сумпордиоксид, Амонјак), во: Д. Станковиќ, Медицинска кнјига, Београд–Загреб, 1986, 296–299; Индустрија синтетских влакана, во: Д. Станковиќ, Медицинска кнјига, Београд–Загреб, 1986, 827–828; Медицина на трудот
(скрипта), Скопје, 1986. Д. Д.

Настап на ансамблот „Орце Николов“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *