ОСЛОМЕЈ

ОСЛОМЕЈ – село во Кичевско. Се наоѓа во северниот дел на Кичевската Котлина, од десната страна на р. Темница, на надморска височина од околу 700 м. Со регионален пат е поврзано со Кичево. Тоа е населено со Македонци (40). Населението е вработено во рудникот за јаглен и во термоцентралата „Осломеј“, кои се во околината на селото. О. е седиште на општина, која зафаќа површина од 12.109 ха, а има 16 населени места со 10.420 ж. Има осумгодишно училиште и здравствена станица. Ал. Ст.

ТЦ „Осломеј“, Кичево

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *