ОСМАНЛИ, Томислав

ОСМАНЛИ, Томислав (Битола, 1956) – сценарист, драматург, теоретичар на медиумите, писател, критичар, новинар и есеист. Член на ДПМ (2003). Објавил повеќе книги од различни жанрови.
БИБЛ.: Филмот и политичкото, 1981; Стрип, запис со човечки лик, 1987; сценарија: Скопски диптих, 1991; есеи: Медиумот што недостасува, 1992; збирки раскази: Пеперутката на детството, 1993 и Виолетни светлини и сенки, 2001; политички осврти и есеи: Над Скопје, 2000; Па-тот за Парамарибо, 2001; сценарио за играниот филм: Ангели на отпад, 1995; драми: Луѓе без адреса, 1976; Ѕвездите на ‘42та, 1984; Скопски сновиденија, 1987; Смок лета по небото, 1999; мултимедијални сценски проекти: Мементо за еден град, 1993; Немирни сенки, 1993; Двајца во Еден, 1995; Светулки во ноќта, 1997; Техно ѕвезда, 2000; Новиот цар, 2001. Р.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *