ОСТРАКОДИ

ОСТРАКОДИ (Острацода) – поткласа ситни организми од класата ракообразни (Црустацеа), кои го добиле името од грчкиот збор „остракон“ што значи „школка“, затоа што на прв поглед многу наликуваат на мали школки во облик на зрно од грав. Должината на телото не надминува повеќе од 1–2 мм и тоа е затворено во дводелна черупка, од која стрчат само антените во предниот и еден пар нежни нозе на задниот дел од черупката. Кога се вознемирени, и овие делови од телото се вовлекуваат и черупката се затвора цврсто, па животното полека тоне кон дното на водата. Некои видови се одлични пливачи, но повеќето живеат на дното, ползејќи по површината или по водните растенија. Се хранат со филтрација на водата, при што ги задржуваат хранителните партикули, а некои видови се активни предатори. широко се распространети во слатководните екосистеми и во морињата. Нивните черупки се користат како основен индикатор во стратиграфијата на седиментите со различна геолошка старост, од палеозоикот, па с“ до денес. Досега во светот се познати повеќе од 2000 рецентни видови, од кои две третини се морски организми. Во Македонија е регистрирано присуство на 172 видови, од кои најголем број живеат во нашите три природни езера. Од 44 ендемични видови остракоди во Македонија, 32 се регистрирани само во Охридското Езеро.
ЛИТ.: С. Петковски, Остракоди (Црустацеа: Острацода) на Македонија, во: Фауна на Македонија В, Мус. Мац. Сци. Нат., Скопје, 1998, 60–77; С. Петковски, Фаунал диверситѕ, во: Цоунтрѕ Студѕ фор Биодиверситѕ оф тхе Републиц оф Мацедониа (Фирст Натионал Репорт). Министрѕ оф Енвиронмент анд Пхисицал Планнинг, Скопје, 2003. Св. П.– В. Сид.
ИЗВ.: Куманово и Кумановско во НОВ 1941–1945. Документи, Куманово, 1988.
ЛИТ.: Миодраг Арсовски-Болто, Хронологија 1941-1945 на позначајните настани од НОБ и народната револуција во Куманово и Кумановско, Куманово, 1974; Спомен зборник на загинатите борци од НОВ и жртви на фашистичкиот терор од Куманово и Кумановско 1941-1945, Куманово, 1976, 186. С. Мл.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *