ОТОМАНСКА ПРОГРЕСИВНА ПАРТИЈА

ОТОМАНСКА ПРОГРЕСИВНА ПАРТИЈА (1910) – партија на егзархиските и на врховистички средини во Македонија, замена за пропаднатиот Сојуз на бугарските конституциони клубови. Иницијаторот Панчо Дорев ја објавил Програмата (во почетокот на април 1910). Како цел во дејствувањето било поставено зближувањето со Турците. Наместо автономија и обласна самоуправа, се барало општинска самоуправа, финансирање на училиштата, мерки за подобрување во стопанството и лична сигурност и сигурност на имотот. Во летото на 1910
г. властите ја оневозможиле дејноста, поради поврзаноста со бугарската влада.
ЛИТ.: Манол Пандевски, Политичките партии и организации во Македонија
(1908-1912), Скопје, 1965. М. Мин.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *