ОХРИДСКИ МАРАТОН

ОХРИДСКИ МАРАТОН – пливачка спортска дисциплина. Првпат официјално е одржан од Горица до Охрид (2,5 км, 1954), во кој победил Нико Нестор, а на вториот победници биле Дики Бојаџи и Снежана Групчева (1958). Во организација на Пливачкиот сојуз на Југославија се одржани државни првенства (1959, 1963 и 1965) на кои победил Дики Боја
џи. Во Охрид е формиран Републички одбор за маратонско пливање (1962). Благодарение на афирмацијата на охридските маратонци и победите на Дики Бојаџи на маратоните на реката Сава и на Капри–Неапол, и на Охридското Езеро се организирани четири врвни меѓународни маратонски натпревари, таканаречени
„светски првенства на слатки води“ (1962, 1964, 1965 и 1966). Патеката била од Пештани–Струга– Охрид (36 км, а во 1966 во четири круга по 9 км). Во натпреварите учествувале мажи и жени, професионалци и аматери, на кои некои од маратонците од Охрид забележале врвни резултати. Вкупно се одржани 15 Охридски маратони (до 2002). Најдобри маратонци се: Дики Бојаџи, Нико Нестор, Климе Савин, Ристо Бимбиловски, Насте Јончевски, Томи Стефановски и други, а меѓу маратонките: Атина Бојаџи, Воскре Каневчева, Теодора Раптис и други.
ЛИТ.: Александар Радич, 50 години „Охридски бранови“, Охрид, 1982. Д. С.

Охридскиот маратон

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *