ОХРИДСКИ САНЏАК

ОХРИДСКИ САНЏАК (ⅩⅤ-ⅩⅠⅩ в.) – една од најстарите административно-територијални единици во Османлиската Империја на територијата на Македонија, формирана во ⅩⅤ в. со центар во Охрид. Санџакот опфаќал само мал дел од Западниот дел од Македонија и навлегувал длабоко на албанска територија. Од македонските кази во него влегувале: казата Охрид со нахиите Охрид, Преспа и Дебарца; казата Дебар со нахиите Горни Дебар, Река, Жупа и Долго (Голо) Брдо и казата Старова со нахиите Мокра и Гора. Ваквата поделба на овој санџак останала с“ до ⅩⅠⅩ в.
ЛИТ.: А. Стојановски, Административнотериторијалната поделба на Македонија под османлиската власт до крајот на ⅩⅤⅠⅠ век, ГИНИ, ⅩⅤⅠⅠ/2, Скопје, 1973; Туркиѕе’де идаре теþкилат›, Хаз›рл›ѕан: Вецихи Тонук, Анкара, 1945; 18. ѕüзѕ›л›н илк ѕар›с›да османли девлетинин идари таксимати. Еѕалет ве санцак тевцихат›, др. Орхан К›л›ç, Елазиг, 1997; Дие Провинзен дес Османисцхен Реицхес вон Андреас Биркен, Њиесбаден, 1976. Др. Ѓ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *