ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО И ЖИВИОТ СВЕТ ВО НЕГО

ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО И ЖИВИОТ СВЕТ ВО НЕГО. Под влијание на антропогените фактори по Втората светска војна се евидентни неповолни влијанија на проѕирноста на водата и на сината боја. Преспанското Езеро веќе еволуира во мезотрофен правец и ги губи одликите на олиготрофен бистар екосистем, а неговото влијание е големо и на Охридското Езеро. По својата термичка карактеристика се вбројува во суптропските езера. Преку лето се загрева до 23–24° С, а зимските температури се ретко под 6°С. Водата во езерото е директно стратрификувана. На длабочина од 200 м водата нема повисока температура од 6°С. Во студени зими настапува полна хомеотермија (во февруари) кога површинските води на езерото се изладуваат до температурата на длабоките води. Поради посебниот термички режим се вбројува во еутропски езера. Во текот на годината се формираат две термички зони: горна хетеротермна и долна хомеотермна. Средниот мал термички слој
– металимниум, се формира во почетокот на летото и се задржува релативно кратко време. Тоа претставува почеток на диференцирањето на целата водна маса на две термички зони: горната – наречена хетеротермна со распростирање до 50 м длабочина и втората – хомеотермна од 50 м до најголемите длабочини со температура од околу 6°С. Во езерото е зачуван разновиден жив свет, голем дел ендемски.
Протозои – најмалку проучена група од Охридското Езеро, особено слободните форми: Рхизопо

да, Флагеллата, Цилиатата. Изучувани се паразитните протозои:Цнидо споридиа и инфузориите астомати наоѓани кај ципринидите, амфиподите и олигохетите
Протозои (Флагеллата)
од езерото. Мигсоспоридиа и Актиноспоридиа се 34 видови, од нив 30 се паразити на ендемичните олигохети .
Сунѓери. Во Охридското Езеро се населени три вида, од кои два се ендемични: Спонгиллафрагилис (Леиди),
С. Станковици Арндт и Оцхридоспонгиа

ротунда, Арндт, 1937, 1938, Хаџиш
че, 1952. Тубеларии – се одликуваат со висок ендемизам. Се среќаваат 25 вида, од кои 11 се нови, 6 се нови
родови и нова фамилија Месофортицидае. Трицладида – важна група во Ох
ридското Езеро (Станковиќ-Комарек, 1927, Станковиќ, 1926, 1931, 1932, 1938, 1955, 1956, Стоиљковиќ-Радоман, 1955), Комарек 1953). Содржи 29 вида (Крстановски, 2003).
Олигоцхаета – популација во Охридското Езеро што се одликува по својот ендемизам, како и по богатството на видови и форми (Станковиќ, 1957, 1960, Храбе, 1931а, 1931б, 1938, шапкарев, 1956).
Хирудинеа – претставниците на оваа група во Охридското Езеро се проучувани од Аугенер (1929) и од Павловски (1936). Се наведуваат 8 вида (Станковиќ, 1960). Ги населуваат сите вертикални зони на езерското дно: во литоралот од
22
37–121 инд/м до 9–59 инд/м во

профундалот. Гастропода – најважна група животинска популација во Охридското Езеро, поради извонредниот ендемизам (Станковиќ, 1960; Хаџишче, 1955, 1956). Полински (1929, 1932) дал прв список на охридските гастроподи и го утврдил нивниот однос со сегашната и фосилната фауна, вклучувајќи ги и оние во Каспиското и во Бајкалското Езеро. Утврдени се 62 видови полжави, од кои 53 вида се ендемити. Охридското Езеро не заостанува по бројот на ендемични облици, какви што се среќаваат во Бајкалското Езеро во Сибир и во езерото Тангањика во Африка. Од 25 видови полжави во езерото, кај 12 групи постојат блиско сродни едемични форми за кои се смета дека настанале со интралакустрична специјација. Охридската фауна на полжави, и покрај извесната сличност, нема блиска сродна врска со бајкалската и кас
писката фауна (Серафимова-Хаџишче, 1985). Ентомостраца. Оваа група не е
многу истражувана. Публикувани се трудовите Цопепода и Цладоцера (Рицхард, 1892; Ѓорѓевиќ, 1905; Парензан, 1930; Бриан, 1930; Станковиќ, 1931; Киефер, 1937 и Петковски, 1954. Во оваа група влегуваат Цопепода, Цѕцлопидае, Диаптомидае и Цладоцера. Острацода има 36 вида. Наспроти Бајкалското Езеро, чиј свет од амфиподи е исклучителен,
Охридското Езеро е релативно

сиромашно со видови од оваа гру
па Црустацеа. Живиот свет што го

населува Охридското Езеро има слатководен карактер, реликтни форми, кои живеат и во други региони на светот, имигрантски форми, кои се диференцираат во процесот на специјација итн. С“ уште не е извршена полна инвентаризација. Откритието на Х. Салема (1984) претставува нов вид гамарус, најверојатно прастар фаунистички елемент. Затоа не е тешко да се образложи единственоста на овој биотоп и оправданоста тој да биде внесен во Регис-тарот на светското природно наследство (Серафимова-Хаџишче, 1985). Вакви примери се среќаваат и во групата планарии – 3 вида (Крстановски, 2003) и планариите од Кренк (1978).
Риби. Во Охридското Езеро се проучувани од Караман (1924, 1926, 1932, 1957 г.), а генерално се ревидирани од Берг (1932). Во езерото живеат следниве риби: охридска пастрмка (Салмо летница, Караман), охридска белвица Ацан-

Охридска пастрмка
тхолингуа охридана (Стеинд), Хадзисце, од Ципринидае: охридски грунец Рутилус рубидио оцхриданус, Караман, моранец (Пацхѕхилон пицтус, Хецк ет Кнер), мало рипче (Пхоџинеллус минутус, Караман); охридски клен (Леуцоцисцус цепхалус албус, Бонап); мало грунче (Пхоџинус пхоџинус цолцхицус, ф.оцхриданус, Караман); охр. писа (Сцардиниус ерѕтропхтхалмус сцардафа, н. Охриданус, Влад. ет Дет.), охридски скобуст (Цхондростома насус охриданус, Карам.), дујак (Гобио охриданус, Карам.), мрена (Бар-бус меридионалис петенѕи Хецк), плашица (Албурнус албидус алборелла, Филип), мало плашиче (Албурноидес бипунцтатус оцхриданус, Карам.), крап (Цѕпринус царпио Л.), вретенушка (Немацхилус барабатулус стуранѕи, Сте-инд), охридска Штипалка (Цобитус таениа меридионалис, Карам), јагула (Ангуилла ангуилла Л., МТ). Значајни се и ревизиите на ципринидите (Димовски, А., Групче, Р., 1973, 1975, 1977).
Вештачки внесени риби во Охридското Езеро – кребла Алоса фаллаџ нилотица (Геоффроѕ), Точко М. Н. (1959), Хидробиолошки завод, Охрид год. Ⅶ, бр. 1-3., сребрен карас (Карасиус ауратус гибелио Блоцх), Точко, М. Н. (1980), калифорниска пастрмка (Салмо Гарднери Рицхардсон) Точко, М. Н. (1981). Во Охридското Езеро се внесени и други риби: гамбузија (Габуси аффинис Баирдант Гирард, 1853), Псудо

Сребрен карас (Карасиус ауратус гибелио Блоцх)
расбора парва (Теммининцк анд Сцхлегел, 1842), Лепомис гиблосус Л. (1758), Рходеус герицеус амарус (Блоцх, 1782) & според усно соопштение на З. Спиркоски, соработник во Хидробиолошкиот завод во Охрид.
ЛИТ.: Библиографски податоци за Охридското Езеро. Приредиле В. Новевска,
Д. Ѓоргоноска, Т. Наумоски, В. Митиќ,
Посебни изданија, 2, Хидробиолошки завод, Охрид, 1985; Конгрес на еколозите на Македонија со меѓународно учество
(Книга на апстракти), Охрид, 25-29. Ⅹ 2003; С. Станковиц, Дие Фауна дес Охридсеес унд ихре Херкунф, „Арцх. Хѕдробиол.“, 23, 1932, 557–617; С. Станковиќ, Охридско језеро и нјегов живи свет, Скопје, 1957; истиот, Охридското Езеро и неговиот жив свет, Скопје, 1959; истиот, Тхе Балкан Лаке Охрид анд итс ливинг њорлд, Монограпхѕае Биологицае, Вол. 9, Хааг, 1960; истиот, Енциклопедија Југославије, т. 5, Загреб, 1955-1971, 12. М. Т.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *