ОХРИДСКО ЕЗЕРО

ОХРИДСКО ЕЗЕРО – тектонско езеро во крајниот југозападен дел на РМ. Се наоѓа на границата меѓу границата на Македонија и Албанија, меѓу планините Петри-но, Галичица и Сува Гора на исток, Беличка и Мокра Планина на запад. Настанато е по тектонски пат, со спуштање на котлинското дно долж раседни структури, чии правци на протегање се север-југ. Најголемата должина во правецот север-југ е 30,35 км, најголемата широчина е 14,5 км, со вкупна должина на езерскиот брег од 86,2 км, од кои на Македонија $ припаѓаат 50,4 км, а на Албанија 35,7 км. Езерото се наоѓа на а.н.в. од 693,17 м, а зафаќа по
2
вршина од 348,8 км , од кои 229,9
2
км или 65,9% $ припаѓаат на Ма
2
кедонија, а 118,9 км или 34,1 % на Албанија. Најголемата длабочина на езерото изнесува 287,5 м, а просечната 144,8 м. Во ова езеро вкупно се акумулирани 50,5
3
кмвода. Со вода се полни од карстните извори што се наоѓаат долж источниот брег (изворот Свети Наум, изворот Тушемиште, Билјанините извори и др.), сублакустриските извори (вирчиња), од врнежите што се излачуваат директно над езерската површина, од водата што се кондезираа директно над езерската површина, и од површинските притоки: Черава, Коселска Река, Далјан и Сате-ска Река. Охридското Езеро губи вода од својот базен со испарувањето, а најголем дел преку истека

3
та Црни Дрим (22 м /с). Највисок водостој на езерското ниво се јавува во јуни (42 цм), а најнизок во октомври (8 цм), додека средногодишното колебање на езерското ниво изнесува 33 цм. Амплитудата помеѓу апсолутно максималната (142 цм) и апсолутно минималната вредност (0 цм) на водостојот изнесува 142 цм, а по регулацијата на истекот кај Струга таа е 93 цм. Средногодишната температура на површинскиот слој на водата е 13,6°Ц. Таа е највисока во август (22,3°Ц), најниска во февруари (6,6°Ц), додека температурата на водата во најдлабоките делови од езерото изнесува 6,0°Ц. Водата е со сино-зеленикава нијанса, со проѕирност во јули месец од 21,5 м. Познато е по ендемскиот вид на пастрмката и по многубројните други некогашни ендемски видови живи организми кои се изумрени во другите езера, поради што е ставено под заштита на УНЕСКО.
ЛИТ.: Охридско Езеро и неговата заштита, Зборник на трудови, ДЕМ, Скопје, 1992. Др. В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *