ОХРИДСКО-СТРУШКА КОТЛИНА

ОХРИДСКО-СТРУШКА КОТЛИНА – котлина во крајниот југозападен дел на РМ. Котлината со радијални тектонски движења

Реката Црн Дрим, Струга
е спуштена во плиоценот по должината на два паралелни меридијански раседи: Љубанишко-коселскиот расед од исток и Старовскострушкиот од запад. Рамката на котлината е претставена со млади верижни планини, составени главно од девонски шкрилци во подината и тријаски варовници во повлатата. На исток се протега планината Галичица, на запад Јабланица и Мокра Планина, на север Стогово со Караорман. Зафаќа површина од 1.318 км², а се наоѓа на н.в. од 696 м до 2.254 м. На рамничарскиот дел отпаѓаат
16.000 ха со просечна надморска височина од 740 м. Со гребенот Копарник дното на котлината е поделено на Охридско и Струшко Поле. По спуштањето котлината влегла во езерска фаза кога била исполнета со вода, така што и денес во еден поголем дел егзистира едно од најстарите езера во светот – Охридското Езеро. Тоа придонесло во крајбрежниот релјеф да се формираат абразивни обли
ци. Најголема и најважна река во котлината е Црни Дрим, која го
Размерите на Охридското Езеро
одводнува Струшко Поле и Дебарца. Во котлината се развиени два градски центра: Охрид и Струга, кои се најголеми и најпознати туристички центри во РМ.
ЛИТ.: Б. Ж. Милојевиќ, Охридска котлина, Загреб, 1957; А. Стојмилов, Физичка географија на Р. Македонија, Скопје, 2003. Т. Анд.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *