ПАДРОН, Хусто Хорхе

ПАДРОН, Хусто Хорхе (Јусто Јорге Падрон) (Лас Палмас, 1. И 1943) – шпански поет, преведувач, есеист, со раскошен и префинет јазик и со нагласени хуманистички пораки

Хусто Хорхе Падрон
во кои се постига склад на спонтаноста, имагинацијата и мислата. Тој е најпреведуваниот повоен шпански поет, а неговата апокалиптична, кошмарна и космогониски визионерска книга Круговите на пеколот (1976) е објавена на повеќе од 20 јазици. Неговата лирика се движи од доживувања на родниот крај и меланхолични навраќања во детството до апокалиптични визии на деструкцијата и злото. Добитник е на национални и меѓународни награди, меѓу кои и Златниот венец на СВП (1990).
БИБЛ.: Темните огнови (1971), Бреза во пламен (1978), Дарбите на земјата (1984),
Умира сал раката што ти пишува (1989), Лицата што ги слушам (1989), Сјајот на омразата, (1993) и др.
ЛИТ.: М. Матевски: Кон поезијата на Падрон, „Поезија“, СВП, 1990. П. Гил.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *