ПАКАШКИ, Рајко

ПАКАШКИ, Рајко (Белград, 12. Ⅸ 1932 – Амстердам, 11. Ⅴ 1993) – балетски играч и педагог. Балет учи во Балетското училиште „Луј Давичо“ во Белград. Апсолвира на Филолошкиот факултет во Скопје. Член на Балетот при МНТ (1953–1969). Специјализира на Државниот институт за театарска уметност во Москва (1961– 1962). Директор на Балетското училиште во Скопје (1962–1964). шеф на Балетот при МНТ (1976– 1977). П. ја продолжува кариерата како балетски педагог во: Загреб, Дизелдорф, Есен, Виена, Минхен и во Амстердам.
УЛОГ: Ѓавол (Ф. Лотка, „Ѓавол на село“), Млад Грк (С. Христиќ, „Охридска легенда“), Арлекин (П. И. Чајковски, „Лебедово езеро“) и др. Ем. Џ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *