ПАЛАТАТА НА ПАРТЕНИЈ ВО СТОБИ

ПАЛАТАТА НА ПАРТЕНИЈ ВО СТОБИ – најрепрезентативниот римски станбен објект. Зазема цела инсула во централниот дел од градот и се состои од две станбени целини и од економски дел, кои се вкопани во косиот терен, и кат што се издига над нив. Палатата припаѓа на перистилни

Палатата на Партениј во Стоби
от тип градби, кои се познати во хеленистичкиот свет, а во римскиот период прифатени и на медитеранските простори. Околу големиот перистил, со цветни леи и фонтана, се концентрирани: раскошната трпезарија, екседрата, просториите за дневен одмор и за прием на посетители, како и другите помошни простории. Овој дел од објектот понекогаш е именуван како Теодосијанска палата. Во перистилот биле пронајдени бронзени статуети на астири, Аполон, Афродита и мермерните скулптури на Посејдон и на Хигија, кои потекнуваат од хеленистичкиот и од раноримскиот период. Подовите во градбата биле декорирани со мозаици во опус теселлатум и опус сецтиле. Од декоративната пластика се издвојуваат декоративните елементи во големата фонтана, столбовите и капителите со тордирани канелури. Економскиот дел го сочинуваат повеќе надземни простории, како и три засводени визби. Објектот бил изграден во почетокот на Ⅳ в., а кон крајот на векот претрпел извесни измени како резултат на преградувањата на одделни простории. Од средината на Ⅴ до доцниот Ⅵ в. над целата градба егзистирале повеќе рустични куќи.
ЛИТ.: Б. Несторовиђ, Ископавања у Стобима, „Старинар“, Ⅵ, Београд, 1931, 109– 114; Џ. Вајзман, Стоби, водич низ античкиот град, Титов Велес, 1973, 47–52; Д. Герасимовска, Антички куќи во Македонија, Скопје, 1996, 43-65. Д. Г.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *