ПАЛИКРУШЕВА, Галаба Борисова

ПАЛИКРУШЕВА, Галаба Борисова (Виница, 6. Ⅴ 1928) – историчар и етнолог, научен советник и универзитетски професор (во пензија). Дипломирала на Филозофскиот факултет – група Етнологија во Скопје. Докторирала на Филозофскиот факултет
– Катедра за историја на тема „Исламизацијата на Торбешите и формирањето на торбешката субгрупа“ (6. Ⅺ 1965). Подолго време била вработена на Природно-математичкиот факултет, а потоа во Институтот за национална историја во Скопје, како виш научен соработник во Одделението за османско-турскиот период (1967–1979). Подоцна работела како истражувач на народните обичаи и игри и директор на Институтот за фолклор во Скопје (15. Ⅲ 1979 – 30. Ⅳ 1984).
ЛИТ.: 30 години Институт за национална историја, Скопје, 1978, 99; 50 години Институт за фолклор. Библиографија на изданијата на Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ – Скопје и на магистерските и докторските дисертации на соработниците 1950–2000.
Подготвила Мирјана Анастасова, Скопје, 2000, 147. С. Мл.

Парапетна плоча од канцелот на базиликата во Паликура

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *