ПАЛИКУРА

ПАЛИКУРА – ранохристијанска базилика, сместена на платото по должината на десниот брег на реката Црна пред сливот во Вардар, античкиот град Стоби и источно од селото Паликура кај Неготино. Базиликата е подигната врз постара римска градба, а самата потекнува од доцниот В– раниот Ⅵ в. со подоцнежна фаза на развиток во средината на Ⅵ в. Делумно зачуваните архитектонски остатоци на теренот посочуваат на постоење на трикорабна базилика придружена со веројатен осмогонален мартириум на источната страна, обата дел од поширок верски комплекс, манастир. Теренот околу црквата во средниот век служел за погребување.
ЛИТ.: Б. Алексова, Стоби, базиликата во Паликура, 1981 г., ГЗФФ, 10 (36), Скопје, 1983, 135-192. Љ. Џ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *