ПАЛИКУЌА, Ибе шериф

ПАЛИКУЌА, Ибе шериф (Дебар, 1927 – с. шутово, Кичевско,
22. Ⅸ 1944) – народен херој од НОАВМ, Албанка. Се поврзала со НОД, станала член на СКОЈ (од 1942) и на МК на СКОЈ (од јуни 1943), член на КПЈ (јули 1943), секретар на МК на КПЈ, а потоа и член на Околискиот комитет на КПМ во Дебар. Била борец на Дебарскиот младински баталјон (од октомври 1943), заменик политички комесар на баталјон на Четвртата шиптарска НО бригада, а потоа и на Бригадата. Тешко ранета во борбите кај Премка, по два дена починала. Прогласена е за народен херој на Југославија (8. Ⅹ 1953).
ЛИТ.: С(пасе) шуплиновски, шеснаесетгодишната „Фљака“. Три децении од смртта на народниот херој Ибе Паликуќа,
„Нова Македонија“, ЏЏЏ, 9938, Скопје, 21. Ⅸ 1974, 2; Јордан Добревски, Зад портата, „Наш свет“, ⅩⅤ, 528, Скопје, 22. Ⅸ 1976, 20; Илија Јордановски, Така умираа народните херои. 35 години од загинувањето на Ибе Паликуќа и Вера Јоциќ, „Македонија“, ЏЏВИ, 310, Скопје, 1979, 10–11; Јован Павловски, Ибе Паликуќа смртно ранета, „Нова Македонија“, ЏЏЏВИ, 11925, Скопје, 4. Ⅳ 1980, 5; Д-р Симо Младеновски, НОБ и Револуцијата во Југос
лавија и учеството на пионерите, Делчево, 1986, 229-234. С. Мл.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *