ПАЛФИ, Ладислав

ПАЛФИ, Ладислав (Суботица, 8. Ⅺ 1924) – пијанист и композитор. Пијано студира на Музичката академија во Загреб (Е. Ваулин и
С. Станчиќ) икај М. Фелер. Иска-

Ладислав Палфи
жувајќи ја рано својата музичка надареност, П. јавно настапува уште од седумгодишна возраст. Во Скопје (1947) станува еден од најпознатите солисти, особено пијано-придружувач на македонски и странски уметници. Истовремено и компонира, работи како педагог, корепетира во Скопската опера. Бил музички уредник во Радио Скопје. Како композитор создал неколку десетици композиции, главно за пијано, но и дела за оркестар, камерни дела и филмска музика. Б. Орт.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *