ПАНДУРСКИ-КОЧО, Арсо

ПАНДУРСКИ-КОЧО, Арсо (Бучино, Горноџумајско, 11. Ⅶ 1912 – Лисија, Горноџумајско, 29. И 1944)
– припадник на националноослободителното и комунистичкото движење во Пиринскиот дел на Македонија. Гимназија завршил во Горна Џумаја, студирал во Свиштов и во Софија. Во Софија (1938–1942) соработувал со Никола Вапцаров и со членовите на Македонскиот литературен кружок. Бил член на Окружниот комитет, заменик на Никола Парапунов по воена линија (1941– 1944), командант на Горноџумајскиот партизански одред „Никола Калапчиев“. Заради масовизирање на партизанското движење и за поврзување со партизаните од Вардарскиот дел на Македонија, со половина од Одредот заминал (крајот на 1943 г. и поч. на 1944) на десната страна на р. Струма. Загинал во борба против бугарската војска, полиција и контрачета.
ЛИТ.: Антон Великов, Арсо Пандурски, Пирински соколи, София, 1970; Георги Джоджов (Драго), За кого пеят мурите, София, 1971. В. Јот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *