ПАНОВСКИ, Наум

ПАНОВСКИ, Наум (Скопје, 3. Ⅵ 1950) – режисер. Дипломирал на Отсекот за режија на Театарската академија во Белград. Завршил постдипломски студии на Универзитетот во Њујорк, во класата на професор Карл Вебер. Работи како режисер во Македонската ТВ (1973-1991). Од 1991 г. е професор на неколку универзитети во САД. Во неговиот режисерски опус рамноправно учествуваат домашните и странските автори, а особено современите. Режии: „Веселата смрт“; „Дејството на гама зраците врз сенишните невени“; „Глоговиот џбун“; „Мемет“; „Хај-фај“; „Црнила“; „Повратник“; „Кал“; „Брехт пред Комитетот за антиамериканска дејност“ и др. Р. Ст.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *