ПАНОВСКИ, Трифун Ѓорѓиев

ПАНОВСКИ, Трифун Ѓорѓиев
(с. Буф, Леринско, Ⅱ 1912 – Караорман, 22. Ⅶ 1944) – лекар, револуционер. Дипломирал на Мед. ф. во Белград. Кратко време работел во Ниш, а потоа во Обласната хигиенска лабораторија во Битола, како началник на Антималаричната служба. Како член на КПЈ, тука ги вршел подготовките и обезбедувањето со санитетски материјал за првиот партизански одред. Кога бил откриен од окупаторот, го интернирале во Бугарија и го мобилизирале како лекар во бугарската армија, од каде што на почетокот на 1944 г. избегал и им се приклучил на партизаните. Бил главен лекар во Партизанската болница на Кожуф, а потоа бригаден лекар на Првата македонско-косовска бригада. П. Б.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *