ПАНОВСКИ, Јован Ѓошев

ПАНОВСКИ, Јован Ѓошев (Скопје, 6. Ⅹ 1920 – Скопје, 22. Ⅲ 1994)
– хирург, редовен професор на Мед. ф. во Скопје. Бил основач и прв директор на Градската болница во Скопје (1962–1970) и претседател на Зружението на хирурзите на СФРЈ (1967–1971). Како врвен хирург на Хируршката клиника основал Одделение за пластична и реконструктивна хирургија и детска хирургија (1969). Напишал прв учебник по хирургија на македонски јазик во два тома. Има објавено повеќе од 100 научно-стручни труда.
БИБЛ.: Општа и специјална хирургија, Скопје, 1988. Ал. Ставр.

Наум Пановски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *