ПАНОВ, Бранко

ПАНОВ, Бранко (Струмица, 22. Ⅲ 1932 – Скопје, 10. И 2002) – втемелувач на современата македонска медиевалистика и основоположник на македонската византологија. Со основно и средно образование се здобил во родниот град, а
Драгомир
Панков

Бранко Панов
потоа дипломирал (1955) и докторирал на Филозофскиот факултет
– група Историја во Скопје (1955). Бил долгогодишен професор по Историја на Византија и по Историја на македонскиот народ – среден век на Филозофскиот факултет во Скопје (1976–1997). Низа учебни години бил професор и на студентите по географија, етнологија и новинарство и на постдипломските студии на Природно-математичкиот и Правниот факултет во Скопје. Учествувал на голем број научни собири во земјата и странство – Атина, Букурешт, Вашингтон, Виена, Копенхаген, Краков, Москва, Нитра, Салцбург и Регенсбург. Бил главен и одговорен уредник на сп. „Историја“, претседател на Управниот одбор, претседател на Советот, раководител на Советот на постдипломските студии и раководител на ННСГ за историја на Филозофскиот факултет, член на Југословенскиот византолошки комитет и прв претседател на Собранието на Македонско-украинското друштво за културна соработка. Автор е на повеќе учебници и прирачници за основното и средното образование.
БИБЛ.: Теофилакт Охридски како извор за средновековната историја на македонскиот народ, Скопје, 1971; Средновековна Македонија, т. Ⅱ и Ⅲ, Скопје, 1985; Охрид и Охридско низ историјата, кн. И, Охрид, 1985 (коавтор); Македонија низ историјата,
Скопје, 1999; Историја на македонскиот народ, т. И, Скопје, 2000 (коавтор и уредник).
ЛИТ.:А. Атанасовски, Проф. д-р Бранко Панов, „Историја“, 1–2, Скопје, 2002. С. Мл.

Митко Панов

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *