ПАНОВ, Митко

ПАНОВ, Митко (Скопје, 1963) – студирал сликарство на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Филмска режија студира (1983-1988) на Високата државна школа за филм, телевизија и теа-тар во Лоѓ, Полска. Неговиот краткометражен филм „Со кренати раце“ освои повеќе меѓународни награди, вклучувајќи ја и Златната палма за најдобар краткометражен филм во Кан (1991). Автор е на филмовите „Бериќет“ (Гран при на Фестивалот во Исмаилија, Египет, 1995) и „Ливада“ (Специјална награда на Фестивалот во Клермон Феран, Франција, и најдобар балкански филм на Фестивалот во Драма, Грција, 2000). Продуцент, режисер и ав-тор на долгометражниот документарен филм „Земјаци“, 2000. Предава филмска режија на Универзитетот „Њујорк“, а од 1998 г. е вонреден професор на Универзитетот „Тексас“ во Остин. Иг. Ст.

Сашо
Панов

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *