ПАНОВ, Сашо

ПАНОВ, Сашо (Скопје, 20. Ⅳ 1944) – професор, сестран спортист. Завршил Ликовна академија во Белград (1964) и Академија за сценографија со режија во Софија (1969). Сестран спортист – тенисер, пингпонгар, планинар, скијач. Член на Репрезентацијата на Југославија во тенис. На Европското првенство за пионери во Суботица (1957) освоил второ место. Тој е сениорски првак на Македонија во тенис и јуниорски во пинг-понг (1960). На тениското Првенство на Југославија во Скопје (1962) го освоил четвртото место во сингл и второто во двојки. Бил успешен и на голем број домашни и меѓународни турнири (1959–1972) и на првенствата за инвалиди, а е рангиран меѓу десетте најдобри тенисери во Југославија (за 1963). Бил тренер во ТК
„Југ“ во Скопје. Ј. Ј.

Јован Ѓошев
Пановски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *