ПАНЧЕВ, Дарко

ПАНЧЕВ, Дарко (Скопје, 07. Ⅸ 1965) – фудбалер. Член на Фудбалскиот клуб „Вардар“ во Скоп-

Дарко Панчев (со „Златната копачка“)
је (1975–1988), за кој одиграл 207 натпревари и постигнал 132 гола. Бил четирипати најдобар стрелец во Југославија. Во сезоната 1983/84 постигнал 19 гола со што станал воопшто најдобар млад стрелец во Европа. Тој е добитник на „Златна копачка“ на весникот „Франс фудбал“ како најдобар стрелец во Европа со постигнати 34 голови (1991/1992). Со ФК „Црвена Звезда“ од Белград го освоил Купот на европските шампиони (1991) и Купот на светските шампиони. Бил младински и сениорски репрезентативец на Југославија. Тој е најдобар фудбалер на Македонија во ХХ в.
ЛИТ.: Четири децении на ФК Вардар, Скопје, 1988. Д. С.
ПАО (СЕГРЧКА ОСЛОБОДИТЕЛНА ОРГАНИЗАЦИЈА)(1942)
– грчка антимакедонска организација создадена од група грчки офицери со одобрение од германските окупаторски власти. Организацијата била поддржана од грчкото колонизирано население во Егејскиот дел на Македонија и имала пунктови во Воден, Негуш, Бер, Кожани, Костур, Лерин, Кукуш и во други места. ПАО имала и свои оружени сили – Национална армија (ЕС) и се борела против Македонското националноослободително (комунистичко) движење и против грчкото комунистичко движење (ЕАМ – ЕЛАС).
ЛИТ.: Т. Мамуровски, Бугарската пропаганда во Југозападна и Централна Егејска Македонија 1941–1944, Скопје,
1989. Ст. Кис.

Македонски папрат (Асплениум мацедоницум Кüмм)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *