ПАРАЗИТСКИ БОЛЕСТИ КАЈ РАСТЕНИЈАТА

ПАРАЗИТСКИ БОЛЕСТИ КАЈ РАСТЕНИЈАТА – инфективни болести што ги предизвикуваат живи организми (најчесто микроорганизми). Најважни растителни, паразитски болести се: а) микози (ги предизвикуваат габи), б) бактериози (ги предизвикуваат бактерии), в) вирози (ги предизвикуваат вируси), г) микоплазмози (ги предизвикуваат организми –МЛО, слични на микоплазмите),

д) рикециози (ги предизвикуваат организми –РЛО, слични на рикециите), ѓ) фикози (ги предизвикуваат алгите), е) лихенози (ги предизвикуваат лишаите). Во оваа група спаѓаат и болестите што ги предизвикуваат некои паразитски цветници (Пханерогамае), кои можат да бидат полупаразитски (користат само вода и минерални материи од растението-домаќин, а самите вршат синтеза на органските соединенија, пр. имела) или облигатни паразити (од растенијата користат готови органски материи, пр. Цусцута спп.). Најважни болести на шумските и декоративните дрвја се микозите, потоа бактериозите и вирозите. Од паразитските цветници многу чести се имелите. Во шумските расадници најголеми штети се јавуваат на поникот (полегнување на поникот), а причинители се различни фитопатогени габи: Фусариум, Пѕтхиум и др. Меѓу економски најзначајните, треба да се споменат: Армиллариа видовите, причинители на гниење на коренот и на приданоците од стеблото, болест што се јавува местимично во локални епифитоции, потоа ’рѓата по леторастите на боровите, која исто така се јавува во периодични епифитоции; пепелниците, кои често ја оневозможуваат природната обнова на дабот и многу други. Епифитоцијата на ракот на питомиот костен (причинител Црѕпхонецтриа параситица) е најголемата досега забележана болест во историјата на шумарството во Европа (откриена во 1938 г.), а е присутна и во РМ. Втората по големина епифитоција значајна за шумарството е онаа кај брестот, позната како холандска болест (предизвикувачи Опхиостома улми и О. новоулми). Ст. Н.
Никола
Парапунов

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *