ПАРАПУНОВ-ВЛАДО, Никола

ПАРАПУНОВ-ВЛАДО, Никола
(Разлог, 1. Ⅶ 1909 – м. Сувата Чешма, Горноџумајско, 9. ⅩⅠⅠ 1943) – истакнат македонски револуционер, организатор и раководител на партизанското антифашистичко движење во Пиринскиот дел на Македонија. Како ученик во средно-техничко учи-

Паразити кај пченката
лиште во Софија, станал член на Комсомол. Се вратил во родниот крај и ја обновил партиската организација на БКП. Водел борба против ВМРО на Иван Михајлов. Бил уапсен (1933) и осуден на 15 г. затвор. Во затворот раководел кружоци и држел предавања за националното прашање, посебно за македонското. По излегувањето од затвор (1941), станал еден од првите партизани во Пиринскиот дел на Македонија. Бил секретар на Окружниот комитет на БКП и на Ⅳ востаничка оперативна зона (Ⅸ 1941). Дошол во судир со ЦК на БКП за прашањето за оружената борба и раководниот состав на Ⅳ ВОЗ. Се застапувал за заедништво на партизанските движења од трите дела на Македонија. Загинал во заседа од војската и полицијата. По неговата смрт Разлошкиот партизански одред го носи неговото име.
ЛИТ.: Мирчо Áруков, Никола Парапунов. (Биографичен очерк), София, 1968; ДимитÍр Лазаров, Никола Парапунов, Пирински соколи, София, 1970; Васил Јотевски, Никола Парапунов (1909–1943), живот и дело, Скопје, 2004. В. Јот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *