ПАРПАРА, Анатолиј

ПАРПАРА, Анатолиј (Москва,
15. Ⅶ 1940) – современ руски писател, автор на повеќе забележани стихозбирки, редактор на „Историческая газета“, претседател на литературната фондација „Михаил Лермонтов“, која издава странска поезија на руски јазик и во чии едиции се објавени серија македонски поети (Константин Миладинов, Григор Прличев, Кочо Рацин, Блаже Конески, Гане Тодоровски, Јован Стрезовски, Петре М. Андреевски, Трајан Петровски, Петре Бакевски, Славе Ѓорго Димоски, Петар Т. Бошковски, Раде Силјан, Загорка Присаѓанец Тодоровска, Михаил Ренџов). Парпара ги превел на руски песните на Константин Миладинов и „Сердарот“ од Григор Прличев. Бил неколкупати учесник на СВП. Почесен член е на ДПМ. Г. Т.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *