ПАРТИЗАНСКА ПЕЧАТНИЦА „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“

ПАРТИЗАНСКА ПЕЧАТНИЦА „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ (с. Битуше, Гостиварско, почетокот на ноември 1942 – јуни 1943, потоа во месноста Лопушник) – илегална партизанска печатница, сега меморијален музеј со амбиентално уредена постојана изложба. Во почетокот на јуни 1943 г. била пренесена во Партизанската база на планината Лопушник. Во неа биле напечатени разни материјали – брошури, билтени, извештаи и др. за потребите на ЦК на КПМ, ГШ на НОВ и ПОМ и воопшто за Македонското народноослободително движење. По Ослободувањето се извршени конзерваторско-реставраторски работи на куќата во која била сместена, а нејзиниот внатрешен дел е преуреден како постојана историска и етнолошка поставка (1961). Оригиналната (дрвена) печатница по Ослободувањето од Св. Вукмановиќ Темпо била однесена во Воениот музеј во Белград, каде што с“ уште се наоѓа.
ЛИТ.: Митре Инадески, Илегалните техники во Македонија во времето на НОВ, Скопје, 1961; истиот, Партизанската печатница „Гоце Делчев“, „Современост“, ЏЏЏИВ, 9, Скопје, 1984 3-18. С. Мл.
Владата на широката коалиција (2001–2002). Одново станува дел од Владата на РМ во 2007 г. На 25. ⅩⅠⅠ 2004 г. Абдулади Вејсели е избран за лидер на ПДП, а пред него беа: Абдулменаф Беџети, Имер Имери, Абдурахман Алити, Џеладин Мурати и Невзат Халили.
ЛИТ.: Светомир Скариц, Демоцратиц Елецтионс ин Мацедониа, 1990–2002, Берлин, 2005; Гордана Силјановска-Давкова, Македонске политичке партије кроз призму идеологије, Београд, 2007. Ѓор. Ив.

Амблемот на ПЕИ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *