ПАСКАЛИ, Тодор

ПАСКАЛИ, Тодор (Охрид, 17. Ⅵ 1936 – Охрид, 4. Ⅴ 2006) – архитект и конзерватор. Дипломирал на Архитектонскиот оддел на Техничкиот факултет во Скопје (1961). Конзерваторско-реставраторската активност ја одвива во Заводот за заштита на спомениците на културата во Охрид и во Републичкиот завод во Скопје и бил нивен директор. Во областа на заштитата изработил повеќе проекти и реализирал реставрација на Куќата на Робевци во Охрид (1979); Конзервации на црквата „Св. Ѓорѓи“ во Старо Нагоричане, Кумановско (1965); Конзервација на црквата „Св. Богородица“ во Матејче, Кумановско (1965). Се занимава и со архитектонско проектирање, во објектите го внесува духот на традицијата. Позначајни реализации: хотелот „Бисер“ во Калишта до Струга (1970); хотелот „Белград“ во Струга (1988); ресторанот во манастирскиот комплекс на „Св. На-ум“ (1982); црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Кавадарци (2000); црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Македонска Каменица (1998). Се занимава и со публицистичка дејност. Кр. Т.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *