ПАТРИК, Хачисон Еванс

ПАТРИК, Хачисон Еванс (Ре-динг, Беркшир, декември 1913) – британски офицер за врска. На 16 септември 1943 г. е спуштен во Западна Македонија (делот на Македонија под Грција). Најголемиот дел од својот престој го поминал во областа на Вичо. Во извештајот доставен до централата на СОЕ во Каиро (12. ⅩⅠⅠ 1944) констатира дека „…ако странец што не ја познава Грција ја посети областа Флорина (Лерин) и потоа формира сопствено мислење за земјата во целина, заклучокот би бил дека Грците се тие што се во малцинство. Тоа е предимно словенски регион, а не грчки. Јазикот по домовите и по правило на полињата, на селските улици, на пазарот е македонски, словенски јазик… важно е да се нагласи дека населението, како што не се Грци, исто така не се Бугари или Срби или Хрвати. Тие се Македонци…“.
ЛИТ.: Велика Британија и Македонија (18 август 1944 – 8 мај 1945). Документи, И. Избор, превод и редакција д-р Тодор Чепреганов, Скопје, 1995. Т. Ч.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *