ПАТРНОГИЌ, Јелена

ПАТРНОГИЌ, Јелена (Косовска Митровица, 1932) – костимограф. Член на МНТ (1960-1977). Освен за драмски, прави кореографии и за оперски и балетски претстави, како и за филм и ТВ. Се занимавала и со педагошка дејност. Костимографии за драмски дела:
„Антица“; „Граѓанинот благород-

Јелена Патрногиќ
ник“; „Градскиот саат“; „Ѕвездите се вечни“ и др. Костимографии за балетски дела: „Болеро“; „Валпургиска ноќ“; „Дон Кихот“;
„Елан“; „Жизел“; „Класична симфонија“ и др. Костимографии за опери: „Алберт Херинг“; „Боеми“; „Евгениј Онегин“; „Земјата на насмевките“; „Илинден“; „Кармен“; „Кнез Игор“; „Љубовна напивка“ и др. Р. Ст.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *