ПАТЧЕВ, Методи

ПАТЧЕВ, Методи (Охрид, 20. Ⅴ 1875 – Кадино Село, Прилепско,
7. Ⅳ 1902) – учител, револуционер, војвода на ТМОРО. Бил учител во Охрид (1896) и во с. Ехловец, Кичевско. Се активирал во ТМОРО и дејствувал во тој реон (1897–1899). По убиството на Димитар Грданов во Охрид, бил во затвор (1898–1901), а по амнестијата заминал во четата на Марко Лерински. Во октомври 1901 г. станал прилепски војвода. При престојот на четата во Кадино Село, Прилепско (1902), биле предадени и опколени од османската војска и башибозук, а борбата ја завршиле со групно самоубиство.
ЛИТ.: С. Ристески, Методија Патчев, Ох-рид, 1974. Ал. Тр.

Дневната пеперуга пауновец

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *